Екипата на Лацио доживеа бродолом на домашен терен во дуелот со Аталанта во 4.коло на италијанската Серија А. Иако играа на свој стадион и пред ограничен број на гледачи, сепак, римјаните не најдоа начин да го запран залетаниот тим од Бергамо.

Уште по првите 45 минути Аталанта имаше водство од 3:0 со головите на Гусенс, Хатебер и Гомез. Во второто Каиседо намали, но потоа повторно погоди Папу Гомез за конечни 4:1 што е највисока победа на Аталанта против Лацио после септември 1991 година.

Аталанта има 100% ефект по две кола, а Лацио има победа и пораз.