Баерн Минхен го освои и петиот трофеј оваа година. Го освои Суперкупот на Германија и така го придодаде на оние од Суперкупот на Европа, ЛШ, Купот на Германија и Бундес лигата. Вечерва ја победи Борусија Дортмунд со 3:2.

Интересен меч во кој „Баварците“ водеа со 2:0, но Борусија успеа да стигне до реми, за во финишот Џошуа Кимих со среќен гол да го донесе трофејот за минхенската екипа.

Толисо и Милер донесоа водство за Баерн по 30 минути во првото полувреме, но Бранд го намали резултатот пред крајот на првиот дел. Само што почна вториот Халанд го изедначи резултатот.

Во 82 минута Кимих со чуден и среќен гол ја донесе победата за Баерн. Германскиот репрезентативец шутираше по земја, голманот на Дортмунд одбрани но ја одби топката која стигна до Кимих кој со стомак ја испрати во мрежата (погледнете видео).

Инаку ова е осми трофеј на Баерн во Суперкупот што е рекорд.