Порто го запиша вториот пораз во Лигата на шампионите. По триумфот над Мешков Брест, португалскиот тим за кого настапува Никола Митревски, не успеа да продолжи победнички, падна на гостувањето кај Фленсбург, кој славеше со 36-29 (15-15).

По изедначеното прво полувреме, во кое водството беше во сопственост на бундес-лигашот, Порто силата за изгуби по одморот. Фленсбург на средината на второто полувреме поведе со 26-22, а потоа и со 29-24. Во продолжение продолжи во ист ритам, до крајот рутински го приведе натпреварот за трета победа во низа.

Митревски доби шанса кон крајот на оваа средба, не успеа да запише ниту една одбрана, додека пак Алфредо Кинтана имаше четири интервенции.

Во последниот меч од денешната програма во ЛШ, ППД Загреб испушти шанса за прва радост, падна во самиот финиш против Алборг, на крајот беше совладан со 26-27.