Хрватите, ова е премногу ние увезуваме се, погледајте ги Србите...

30.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хрватите, ова е премногу ние увезуваме се, погледајте ги Србите...

Хрватска во однос на број на жители е најголем увозник на свинско месо.

Додека Србија со домашно произвотство на свинско месо ги подмирува сопствените потреби, пишува Слободна Далмација, за проблемите со произвотство на свинско.

Од почеток на пандемија на Ковид-19, започнал благ пад на цената на европско свинско месо, за да пред десетина дена цената доживеала стрмоглаво паѓање откако се појавила афричката свинка колера во Германија.

До наглиот пад на цената, како што се објаснува, дошло поради воведување забрана на увоз на германско свинско месо во земјите на Далече исток.

“Вишокот, а тоа е околу 30 посто произвотство, Германија го извезува по ниски цени, како што некои стручњаци велат, во земји со несреден пазар како што е Хрватска, се додава во текстот.

Ивица Пивац, претставник од управа за Месна индустрија браќа Пивац, подолго време нагласува дека Хрватска што се однесува до произвотство на свинско месо, е на самото дното во ЕУ, додека за Германија, Холандија, Данска и Австрија произвотството на свинско е стратешка економска гранка и извозен производ.

“Тие земји, како и Србија остваруваат стопостотно произвотство на свинско, додека Хрватска, во однос на број на жители, е најголем европски увозник на свинско“, рекол тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата