Играчот на Северноирскиот премиер лигаш, Колерајн, Ион Бредли доби шест мечеви суспензија затоа што за време на мечот помеѓу неговиот тим и екипата на Балумена во рамките од куп полуфиналето, на сред терен изврши физиолошка потреба. Настанот е од 27 јули, кога за време на паузата пред почетокот на продолженијата, Бредли одлучи природниот нагон да го „подмири“ на сред терен. Глупаво, особено што камери има насекаде и не може, а да не остане неприметен.

Особено што се работи за 36. годишен ветеран, кој треба да знае дека вака не смее да се однесува. Фудбалската федерација го казни играчот, а тој решил на истата одлука да не се жали.