Во исчекување на стартот на новата сезона, прволигашите продолжуваат со контролните натпревари. Гостивар на домашен терен убедливо го совлада ТФТ со 102:80 (33-27, 23-17, 20-20, 38-16), во меч во кој оечкувано доминираше.

Најефикасен во редовите на Гостивар беше Тодоровиќ со 18 поени, Стаки Мозли имаше 15, еден помалку запиша Димчевски, додека по 10 поени реализираа Костоски и Тасовски. На другата страна Тај Херис имаше 20 поени, Лаклан Андерсон застана на 16.

Другата средба беше во малата сала на СРЦ „Кале“, каде екипата на Академија ФМП излезе како победник против домаќинот Вардар (91:86).