Рафаел Надал експресно се пласираше во третото коло на Ролан Гарос, откако со 3:0 во сетови го елиминираше Мекензи Мекдоналд. Шпанскиот тенисер го демолираше Американецот за час и 42 минути, Надал седумпати му го одзеде сервисот на Мекдоналд, кој пак не успеа да направи ниту еден брејк.

Рафа загуби само четири гејма, 6-1, 6-0 и 6-3, во третото коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Нишикори и Траваљиа.

Серена Вилијамс го откажа денешниот меч против Цветана Пиронкова, таа поради повреда која ја влече подолго време се повлече од големиот турнир.