Што се однесува до АБА лигата учесниците некако се договорија на кој начин ќе ја истуркаат сезоната, но АБА 2 конкуренцијата каде што се и нашите МЗТ Скопје Аеродром, односно Работнички, очигледно дека својата сезона ќе ја одигра на поспецифичен начин.

Предлогот е д асе игра на начинот како што се доигра НБА сезоната, со таканаречени „балони“ оденосно турнири кои би де одиграле во ноември односно јануари.

Нема да се играат планираните 26 мечеви, односно бројот ќе биде преполовен, а потоа би следувал, плеј офот односно плеј аутот.

Во првиот „балон“ би се одиграле шест или седум кола, а во оној вториот преостанатите, од вкупно 13. мечеви.

Потоа би следеле плеј-оф натпреварите, најверојатно со осум екипи, а доигрувањето би требало да биде во март, сместено во трет „балон“.

АБА се одлучи за еден ваков потег поради безбедноста и заштитата на учесниците, иако трошоците на лигата која „покрива“ сè, ќе бидат многу поголеми отколку да се игра како во досегашните изданија.

Извесно е дека многу клубови не би имале финансиски средства за задолжителните и чести тестирања од корона вирусот при патувањата. Па оттука одлуката на АБА е од исклучителна важност и од тој финансиски аспект.

Како што е познато, во претстојната сезона во АБА-2 лигата ќе учествуваат и две екипи од нашата земја, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.

Со оглед на тоа дека канцеларијата на сениорските лиги го подготви календарот за натпреварување, извесно е дека доколку ова биде и официјално потврдено, двата наши претставници и нивното учество во АБА-2 лигата, ќе донесат промени во календарот за натпреварување во Првата лига-мажи.