Војдан Стојановски и неговиот Гравелин ниту од втора не успеаја да дојдат до првата радост во новата сезона. Тимот на капитенот на македонската репрезентација беше совладан на домашен терен од Лимож со 65-77 во рамките на 2. коло во францускиот шампионат.

Гостите доминираа во текот на првите 30. минути, Гравелин се разбуди во последната четвртина, но веќе беше доцна.

Војдан зад своето име запиша седум поени (1/3 за три поени, 2/2 за два поени) и два скока за нецели 15. минути во игра.

Гравелин е во долниот дел од табелата по две кола во францускиот првенство.