Манчестер Јунајтед е во порага по напаѓач, изборот падна на двајца фудбалери. Оле Гунар Солскјер во последната недела од преодниот рок ќе се обиде да го донесе или Едисон Кавани или Лука Јовиќ.

Кавани од ова лето е слободен играч беше поврзуван со Бенфика и Атлетико Мадрид, имаше шпекулации за Реал Мадрид, додека пак Лука Јовиќ одамна не го сакаат во Реал Мадрид. И покрај чудните изјави на Зинедин Зидан, сепак српскиот репрезентативец не е во неговите планови, тој може да замине од клубот доколку дојде интересна понуда. Манчестер Јунајтед го сака Јовиќ на позајмица, а дури потоа ќе размислува за нешто повеќе.

Останува да видиме дали премиер-лигашот ќе успее да се договори со некој од двајцата играчи.