Во Цирих се слави успехот на Металург, кој е вториот македонски тим кој ќе обезбеди место во групната фаза во Лига Европа. За дуелот со Кринс бројот на фанови беше ограничен, па македонските иселеници веднаш обезбедија билети на време, направија одлична атмосфера, дополнително ги мотивираа избраниците на Зоран Кастратовиќ.

На трибините беше и македонскиот репрезентативец, Мартин Поповски, кој настапува за Цирих, па не пропушти шанса да дојде на овој меч. На крајот следеше заедничка фотографија.