Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел смета дека на неговиот тим му се потребни уште неколку засилувања. Неговиот план е да ја засили одбраната, но направи интересен избор, кој пак не им се допадна на фановите на францускиот првак.

Тухел во своите редови сака да го види Антонио Рудигер, кој не блеска во дресот на Челзи, а Лампард е подготвен да го пушти.