Играчот од средниот ред на Ливерпул, Тијаго Алкантара е позитивен на коронавирусот и се изолирал самостојно, јавија вечерва англиските медиуми.

29-годишниот фудбалер неодамна потпиша за англискиот шампион и дебитираше како замена во победата од 2:0 кај Челзи. Сепак, репрезентативецот на Шпанија беше отсутен од последните два меча бидејќи заработи повреда.