Во Џенова за утре е најавено пристигнување на резултатите од најновите тестови и брисеви земени од фудбалерите на тимот. Првиот човек на клубот, Енрико Прециози изјави дека неговиот тим се придржувал и ги почитувал сите процедури наметнати со протоколот за Ковид-19 пред нивното патување во Наполи.

Следниот натпревар на Џенова против Торино најверојатно ќе биде одложен, а претседателот Прециози истакна дека на Џенова не може да и се забележи ништо, затоа што е следен комплетниот протокол.

„Ние ги почитувавме сите процедури наметнати со протоколот пред патувањето во Неапол“, рече тој за Радио Кис Кис Наполи.

„Ги чекаме резултатите од брисевите што ги извршивме, а кои ќе ни бидат доставени утре“.