Металург ги игра последните 60. Минути за место во групната фаза во Лига Европа. Македонскиот клуб во Цирих отпатува со два гола позитива од средбата во Скопје, но ќе биде тешко и неизвесно до самиот крај.

По првото полувреме избраниците на Зоран Кастратовиќ имаат еден гол негатива 12-11 на дуелот против Кринс, до крајот ќе мора да го подигнат нивото на игра доколку сакаат да ја остварат целта.

Во првите 12 минути од мечот паднаа само четири гола, ниту една од двете екипи немаше поголемо водство од еден гол. Тимот од Автокоманда водеше 2-3, 3-4, а потоа дел од мечот им припадна на Швајцарците, по што момците на Кастратовиќ се вратија во игра поведоа со 7-8, но неколкуте грешки ги казни Кринс, кој на одморот успеа да замине со позитива од еден гол 12-11.

Канкараш и Хорват имаат по три погодоци, Тарабокија запиша два гола.

Ракометарите на Металург имаат доволно време да се соберат и да ги одиграат последните и најважни 30. минути оваа сезона.