Капитенот на Борусија (Д), Марко Ројс, во изјава за медиумите потврди дека главната трансфер цел на Манчестер Јунајтед ова лето, Џејдон Санчо ќе продолжи со „жолто-црните“ и оваа сезона.

„Тоа беше одлична вест за нас играчите. Сите бевме среќни што Санчо ќе остане со нас уште една година, бидејќи тој е клучен играч. Дали тој ќе стане голем играч како Лионел Меси и Кристиано Роналдо? Ќе видиме. Потребно му е само време и многу искуство. Ќе има моменти кога ништо не оди добро, и ќе видиме како тој ќе се справува со тоа. Сепак, мислам дека тој има самодоверба и квалитети за да успее“, изјави Ројс.