Лекарот од Наполи, Винченцо Мироне, рече дека ќе биде „тешко да се организира патување на гости“ за да се одигра мечот со Јувентус во недела, поради потребното време за брисевите за коронавирус.

Наполитанците во моментов минуваат низ серија тестови за КОВИД-19 по победата од 6-0 против Џенова минатиот викенд, бидејќи гостите по тој меч имаат 14 случаи на заразени со коронавирусот.

Мироне во изјава дадена за локалното радио вели:

„Нашите колеги одат во Кастел Волтурно и одговорите на оваа прва рунда брисеви ќе ги добиеме утре. Во петок ќе имаме уште една рунда тестови, со одговори кои ќе пристигнат во сабота. Не знам што да очекувам, но загриженоста е очигледна. Откако во сабота ќе ги имаме потребните резултати, не знам дали има и време и можност да се состави тим и план за патување“.