Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ го победи Микаел Имер од Шведска со 6:0, 6:2, 6:3 во првото коло на Ролан Гарос за само  час и 38 минути игра.

Новак немаше претешка задача и сега во второто коло ќе се сретне со Ричардас Беранкис, кого неодамна го победи во „Синсинати“. Литванецот беше подобар од Делијен во три сета.

Србинот загуби вкупно шест поени во првиот сет и веќе тогаш беше јасно дека ќе забележи рутинска победа. Вториот сет го доби исто така лесно и брзо, а Имер пружи нешто посилен отпор само во третиот сет.