Викендов се случиле 23 сообраќајки во кои 17 лица се повредени

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Викендов се случиле 23 сообраќајки во кои 17 лица се повредени

Изминатите денови се случиле 23 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 17 лица се здобиле со телесни повреди. На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 159 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 61 возачи од кои: 50 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 66 возила бидејќи 62 биле нерегистрирани и четири возила биле технички неисправни.

Санкционирани се 16 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, пет поради неправилно престројување, 51 возач поради некористење заштитен шлем при управување на моторцикл, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило, двајца возачи поради недвање првенство на минување на крстосница и 29 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 206 мандатни платни налози и 139 возила се подигнати со ,,пајак”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата