На 35 возачи во Скопје им биле одземени сообраќајните дозволи

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На 35 возачи во Скопје им биле одземени сообраќајните дозволи

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.30 до 24.00 часот спроведе акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила со поголема бучавост од дозволената и кои ги прекршуваат сообраќајните правила. Од страна на полициските службеници преземени се вкупно 110 мерки. Привремено се задржани 35 сообраќајни дозволи и ќе бидат упатени на вонреден технички преглед, а поднесени се и 53 прекршочни платни налози за прекршоци по Законот за возила и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 20 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и одземени се два мотоцикли за бучавост и без документи.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата