СЛАВНИ ЖЕНИ КОИ СЕ ПОВИСОКИ ОД МАЖИТЕ: Една му „бега“ дури 36 см

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЛАВНИ ЖЕНИ КОИ СЕ ПОВИСОКИ ОД МАЖИТЕ: Една му „бега“ дури 36 см

Да се биде висока жена не е секогаш лесно, особено ако сте повисоки од партнерот. Кога сте во рамни обувки се е во ред, но проблем е кога треба да се носат потпетици. Во Холивуд постојат многу жени кои се „за глава“ повисоки од партнерите и тоа не им е голем проблем. 

Роузи Хантингтон (33) и Џејсон Стејтам (53)

Се запознале на снимањето на „Трамсформерси“, а и покрај разликата во години брзо почнале врска. Во 2016 се верија, а веќе следната го добија синот Џек Оскар кој има 3 години. Роузи е висока 175 см, а Џејсон 178, но штом оваа убавица облече потпетици станува повисока од него. Но како што рекла ниту висината ниту годините им се пречка. 

Камерон Дијаз (48) и Бенџи Маден (41)

Во брак се шест години, а 6 сантиметри им е и разликата во висина и тоа во корист на актерката. Камерон е висока 174 см, а Бенџи само 168. 

Карла Бруни (52) и Николас Саркози (65)

Поранешната манекенка е речиси 10 см повисока од поранешниот француски претседател. Таа е висока 175 см, а тој 166.

 

Џиџи Хадид (25) и Зејн Малик (27)

Една од најпознатите манекенки на денешницата од својот избраник е повисока 4 сантиметри. Убавицата е висока 179 см, а Малик 175. 

Никол Кидман (53) и Кит Урбан (52)

Оскаровката од својот сопруг е повисока само 2 см, но кога таа ќе облече потпетици Кит изгледа многу пониско. Инаку, Никол е висока 180 см, а Кит 178. 

Ума Турман (50) и Итан Хок (49)

Поранешниот пар беше 7 години во брак, а разликата меѓу нив е само еден сантиметар. Актерката е висока 180 см, а Итан 179, но заради потпетиците разликата во висината делува поголема.  

Кејти Холмс (41) и Том Круз (58)

Актерката од својот поранешен сопруг е повисока 5 сантиметри. Имено, Кејт има 175 см, а Том е висок само 170. 

Ерика Шмит (45) и Питер Динклеџ (51)

Ерика од својот сопруг кој се прослави во „Игра на престолот“ е повисока дури 36 сантиметри. Имено, Питер е роден со ахондролазија што е причина за неговиот џуџест раст. Таа е висока 168 см, а тој само 132.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата