Познат илузионист и магионичар сака да го спречи брегзит со телепатија

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познат илузионист и магионичар сака да го спречи брегзит со телепатија

Познатиот израелски илузионист и магионичар Ури Гелер преку социјалните мрежи ѝ порача на британската премиерка Тереза Меј дека ќе го спречи брегзитот со телепатија.

„Физички многу силно чувствувам дека повеќето Британци не го сакаат брегзит. Многу ве почитувам, но јас нема да ви дозволам да ја одведете Британија во брегзит. Колку и да ви се восхитувам, со телепатија ќе ве спречам да го сторите тоа. Јас верувам дека сум способен за тоа”, напиша 72-годишниот Гелер кој живее во Израел.

Тој ја повика британската премиерка веднаш да го запре процесот, односно пред то да преземе „драстичен потег”. Тој додаде дека иако во моментов живее во Израел, сè уште е британски државјанин и е приврзан на таа земја и на луѓето кои ги сакал.

Тој потсети дека успешно предвидел дека Тереза ​​Меј ќе стане премиер и дека Доналд Трамп ќе биде американски претседател.

Тој потсети дека неговите паранормални способности може лесно да се проверат на веб-страницата на ЦИА. Всушност, оваа агенцијата во 2016 година ја објави информацијата за експериментот во 1973 година, по што беше заклучено дека токму тој ја покажал својата психичка способност на убедлив и недвосмислен начин.

Гелер моментално е член на жирито на израелскиот „Јас имам талент“ и работи на отворање музеј во Џафа за неговиот живот.

Илузионистот тврди дека Меј ја знае повеќе од дваесет години и дека неговите моќи биле потврдени од Мосад и од британската тајна служба МИ5.

На јавноста ѝ е познат по свиткување на лажици и слични вештини.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата