Димитров – Вуцас: Австрија е една од најгласните поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Димитров – Вуцас: Австрија е една од најгласните поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска се сретна со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Георг Вуцас, на којашто стана збор за активностите на Владата во наредниот период со фокус на исполнување на реформската европска агенда, за австриската поддршка на нашиот евроинтеграциски процес, како и за билатералната соработка.

„Австрија е една од најгласните и најголеми поддржувачи за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија и воопшто за политиката на проширување во контекст на регионот. Конзистентната и принципиелна австриска поддршка е од суштинско значење периодов за нашиот европски исчекор“, истакна Димитров, при што изрази надеж дека во најскоро време ќе се изнајдат модалитети за билатерална соработка во рамките на австриската развојна помош со акцент на реформските приоритети.

Во овој контекст двајцата соговорници се заложија за продлабочување на билатералната соработка, како и преку Твининг и ТАИЕКС механизмите на ЕУ,

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата