Принцот Џорџ може да го задржи подарокот на Дејвид Атенборо

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Џорџ може да го задржи подарокот на Дејвид Атенборо

Британскиот телевизиски водител и природонаучник Дејвид Атенборо неодамна го посети кралското семејство. Кејт Мидлтон, принцот Вилијам и нивните три деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот го пречекале во дворот на Кенсингтонската палата, каде што заедно со Вилијам го гледале неговиот нов документарец „Животот на нашата планета“.

Принцот Џорџ  (7) е голем обожавател на водителот, кој во таа пригода му подарил посебен сувенир – огромен заб на ретка ајкула што го нашол во шеесеттите години за време на семеен одмор на Малта.

Принцот бил воодушевен, но се појавилe проблеми. Малта побарала да и се врати сувенирот, со образложение дека фосилот треба да биде изложен на островот каде што е пронајден. Се верува дека е стар околу 23 милиони години.

Министер за култура на Малта, Хозе Ерера, смета дека забот треба да биде изложен во локалниот музеј и ветил дека ќе се ангажира лично за неговото враќање.

Малта беше британска колонија до 1964 година.

Сепак, властите на Малта одлучија дека британскиот принц Џорџ може да го задржи фосилизираниот остаток од заб од ајкула што му го подари познатиот природонаучник.

Портпаролот на министерството објави дека Малта се предомислила.

„Министерот Ерера рече дека нема намера да продолжи да го решава ова прашање“, изјави портпаролот за „Тајмс од Малта“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата