Има четири деца и СИТЕ СЕ ПОСТАРИ ОД НЕГОВАТА СОПРУГА која се смета за „баба“

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има четири деца и СИТЕ СЕ ПОСТАРИ ОД НЕГОВАТА СОПРУГА која се смета за „баба“

Хана Енис (20) од Илиноис е вереницата на Сем Прует (49). Двајцата се верија во септември 2019 година, на работното место каде што и се запознаа.

- Кога го видов за прв пат, заклучив дека тој е тврдоглав старец. Сигурно не ни помислував дека некогаш би можела да имам нешто со него. Како и да е, поминувавме сè повеќе време заедно и наскоро се вљубивме - вели таа.

Двојката планира венчавка на Денот на в вљубените, а и семејството на невестата и младоженецот се против таа венчавка.

Родителите на Хана веруваат дека Сем е со неа само затоа што е толку мала, додека семејството на Сем верува дека Хана е со него поради парите, иако Хана всушност заработува повеќе од него.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Bar nights are the best nights on the island 💙🏖

A post shared by Hannah Lee (@hannahennisss) on

Сем веќе има 4 деца - Кајл (30), Логан (28), Џесика (25) и Саманта (24), а ги има и внуците Лона (12), Пејтон (11), Вилијам (1) и Ели Роуз (1), додека Хана се смета себеси за баба.

Децата на Сем не сакаат да поминуваат време со Хана, ниту пак сакаат нивните деца да бидат со нивната „баба“. Сепак, Хана не се откажува од намерата да се омажи за Сем.

- Најтежок беше разговорот со Сем за бракот и децата. Јас сум млада и сакам да се омажам и да имам деца, додека Сем има пропаднат брак, зад себе има деца и внуци и не е баш за тоа повторно. Сепак, успеав да го убедам во спротивното - вели таа - вели Хана, додавајќи дека е убедена дека врската со Сем има потенцијал.

- Сем е многу позрел од моите врсници и се однесува кон мене со многу почит - убедена е таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата