Ѓоре Јовановски би можел да биде нов тренер на Шкупи, и да се врати на „Чаир“ по пауза од цели 19 години, дознава „Спортмедиа“.

Искусниот Јовановски е во преговори со тимот од Чаир за да ја превземе тренерската палка, која досега ја имаше Муарем Бајрами, но по поразот од Струга, беше сменет.

Јовановски нема клуб од 2018 година, кога беше дел од Работнички. Сега се враќа на местото каде што беше две години: од 1999 до 2001 година водејќи ја тогашна Слога Југомагнат, а сега Шкупи до две титули првак на Македонија.

Покрај него во комбинација е уште еден евентуален повратник. Станува збор за турчинот Умит Каран кој на стартот од минатата сезона беше сменет, и на негово место донесен Ќатип Османи.