„Така е кога ниој не ме прашува“: Се огласи авторот на фотографијата од Лешница што ја објави Еди Рама

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Така е кога ниој не ме прашува“: Се огласи авторот на фотографијата од Лешница што ја објави Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама на своите социјални мрежи сподели фотографија под која напиша: „Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница“. Но, има еден проблем. На неа се прикажани водопадите на Лешница на Шар Планина, во близина на село Бозовце.

Фотографијата веднаш поттикна бурни реакции меѓу граѓаните од двете соседни држави, па почнаа да се убедуваат чија е Лешница од фотографијата.

Но, најточна информација има токму нејзиниот автор. Младиот Африм Тахирај од Албанија, кој во своето слободно време посетува планини, а фотографиите од патешествијата ги споделува на Инстаграм.

По некоја случајност тој има роднини во Бозовце, кои го поканиле на планинска прошетка пред една недела. Веднаш по посетата, споделил неколку фотографии на својот Инстаграм профил со кои го пренесува своето воодушевување од местото.

Проблемот настанал кога фотографијата почнала да се споделува без опис. Па, така стигна и до премиерот Рама.

Така е кога никој не ме прашува кога ги споделува моите фотографии, забележа тој.

Инаку, Лешница има и во Албанија, посочи тој.

Тахирај не знае дека неговата фотографија преку ноќ стана популарна, но се пошегува дека се надева оти ќе биде познат нареден пат кога ќе ја посети земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата