Во претходните денови и недели многу работи дознавме за Motorola One Vision телефонот, кој се појави на Geekbenchu. Сега се појави рендер од смартфонот, кој ни го донесува Tiger Mobiles, а открива punch-hole дисплеј со селфи камера во левиот агол и тенки рамки од страните и горната страна, додека долната рамка е нешто поширока.

На задната страна на уредот се наоѓа систем со две камери, во вертикален систем, под кои и сместен dual-LED блиц. Камерите исто така имаат текст од десната страна, потврдувајќи дека една од нив ќе има 48-мегапикселен сензор. Задниот дел има металик завршницата, а тука е сместен и сензорот за отпечатоци од прсти. Исто така, видливо е Android One брендирање.

Останатите детали, кои ги потврдува фотографијата, вклучуваат USB-C порт на дното, каде ќе се наоѓа и слушалката и микрофонот. Приклучокот на слушалки не е видлив на фотографијата, но од претходно протечените фотографии знаеме дека ќе биде сместен во врвот на телефонот.

Motorola One Vision во Кина ќе се појави како P40, а телефонот би можел да биде официјализиран на 3. април.

 

извор: USB.mk

2

Најчитани вести