РАЗЛИЧНО ГРАДЕНИ, А НОСАТ ИСТА ОБЛЕКА - Инфлуенсерки кои направија револуција (ФОТО+ВИДЕО)

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РАЗЛИЧНО ГРАДЕНИ, А НОСАТ ИСТА ОБЛЕКА - Инфлуенсерки кои направија револуција (ФОТО+ВИДЕО)

Денис Мерцедес и Марија Кастеланос станаа модни инфлуенсерки и ѕвезди на социјалните мрежи кои во моментов ги следат милиони луѓе.

Зошто? Бидејќи со своите објави се обидуваат да испратат порака дека нема „правилна и погрешна“ форма на тело и дека е важно само да се чувствувате добро во својата кожа и да не дозволите да бидете под влијание на разни „идеали за убавина“. Дениз и Марија се со сосема различни конструкции и носат различна големина на облека, но со своите објави докажуваат дека тоа не значи дека не треба да носат иста облека.

Овие пријателки од САД редовно објавуваат фотографии во истите парчиња облека и ги инспирираат луѓето ширум светот. Тие дури го лансираа хаштагот #StylenotSize на социјалните мрежи, а сè започна во 2019 година кога заедно позираа во бикини.

Одговорот беше одличен, па тие одлучија да снимаат слично видео за ТикТок кое наскоро достигна 1,5 милиони прегледи. Дениз за Bored Panda рече дека нивната клучна порака е „облечете се како што сакате и сакајте го своето тело“. Таа исто така додаде дека е време луѓето да престанат да се споредуваат со другите и дека сакаат сите да го разберат ова.

 

Исто како што вели нивниот хаштаг - стил, а не големина.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата