ВНИМАВАЈ, НЕ СИ ПОВЕЌЕ ДИРЕКТОР - Жестоко во „Ѕвездите на Гранд“

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВНИМАВАЈ, НЕ СИ ПОВЕЌЕ ДИРЕКТОР - Жестоко во „Ѕвездите на Гранд“

Гранд неодамна доби нов директор на музичката продукција, Александар Милиќ Мили кој го замени Саша Поповиќ. Пред тоа, тој се приклучи и во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, во кое, како по обичај доаѓа до недоразбирање меѓу членовите.

На едно од последните снимиња, беше многу бурно поради Марија Шерифовиќ. Пејачката со никој не можеше да најде заеднички јазик, а на нејзинито урлање изреагира дури и Снежана Ѓуришиќ.

Имено, Марија најпрвин влезе во кавга со Мили, а потоа не се согласи ниту со Саша Поповиќ, како ниту со Снежана, и сето тоа околу еден кандидат за кој таа сметаше дека е одличен, со што нејзините постари колеги не беа согласни.

– Внимавај малку на твојот тон и однесување. Не можеш да викаш тука на сите нас, ние овде почитуваме различни мислеа и ги уважуваме, но сепак ние сме твои постари колеги. Нема потреба да се крева тон, рече Снежана.

Бурните реакции во жирито, по се изгледа, се се пожестоки по доаѓањето на Мили на директорската позиција, а дали ќе се вклопи во оваа екипа, останува да видиме…

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата