Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

29.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат судири меѓу ерменските и азербејџанските безбедносни сили. Сесијата ќе се одржи на барање на европските земји, најавија дипломатски извори за АФП.

Германија и Франција ја покренаа иницијативата, но ја поддржаа и други европски земји – Естонија, Белгија и Велика Британија. Сесијата ќе биде зад затворени врати.

Според последниот биланс, во неодамнешниот конфликт загинаа најмалку 67 лица.

Ерменија и Азербејџан се борат со децении околу Нагорно-Карабах, област со мнозинство Ерменци, која беше припоена кон Азербејџан за време на советската ера.

Во судирите за контрола на Нагорно-Карабах помеѓу 1988 и 1994 година загинаа 30.000 луѓе, а стотици илјади избегаа.

Примирјето беше потпишано во 1994 година, но Баку и Ереван не се согласија за правниот статус на спорната област, која сè уште официјално е дел од Азербејџан. Оттогаш, конфликтите во областа повремено избиваат. Областа се наоѓа помеѓу Иран, Русија и Турција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата