Oбвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Oбвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против дилер на кокаин од скопско Арачиново. Обвинението е поднесено против 20-годишно момче кое се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во својот дом во скопско Арачиново неовластено заради продажба држел вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и парични средства во различни апоени со вкупен износ од 155.550 денари и 100 евра. Со оглед на тоа што и натаму постои оправдан страв дека обвинетиот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело што му се става на товар, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата