Истрага за скопјанец, на задното седиште на автомобилот криел марихуана

25.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Истрага за скопјанец, на задното седиште на автомобилот криел марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластена продажба на марихуана.

На 23.03.2019 година, тој со автомобил ,,фоксваген пасат” кој не бил во негова сопственост, на крстосницата меѓу булеварите „Македонско-косовска бригада“ и „Босна и Херцеговина“ бил забележан од полицајци дека поминал на црвено светло. Притоа, му била дадена наредба да го запре возилото, но осомничениот побегнал, по што по радио врска била објавена потрага по него.

Со поставена блокада на регионалниот пат Скопје-Велес кај Трубарево возилото било запрено, а полициските службеници извршиле легитимирање на осомничениот, личен преглед и преглед на возилото. На задното седиште од автомобилот била пронајдена марихуана со вкупна нето маса од 3.247,6 грама спакувана во три пакувања. Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за притвор за осомниченото лице, ценејќи пред се дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство со цел да го избегна кривичниот прогон или да го повтори кривичното дело.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата