Новите критериуми при досудување на пенали си го сторија своето. Имено звучи неверојатно податокот дека само вчера, недела, на 24 натпревари од ТОП 5 Лигите во Европа се досудени дури 15 пенали. Навистина премногу, се чини дека може да ти се згади фудбалот од толку казнети удари. А само три, и сите за “лисиците“, беа покажани на мечот Манчстер Сити – Лестер, и сите три беа реализирани. Токму затоа тој резултат од 2:5, со седум голови заврши тој меч. Навистина е убаво кога секој прекршок, ако го има, или играње со рака се казнува со пенал, кога со помош на ВАР- технологијата грешките се намалени на минимум. Ова секако не важи за Јуве зошто во Италија судиите си тераат на страната на “бјанко – нерите“ со децении наназад, и таму не помага ни “Свети ВАР“.

Да, убаво е, но се чини дека ти се гади од фудбалот кога на еден меч има по 2-3 пенали, како што беше вчера на „Етихад“.