КОРОНА во тимот на Пандев! 14 фудбалери ПОЗИТИВНИ

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНА во тимот на Пандев! 14 фудбалери ПОЗИТИВНИ

Калчолигашот Џенова, во кој настапува најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, пријави 14 заразени со коронавирус. Освен играчи, биле пријавени и членови на стручниот штаб.

Од таборот на италијанскиот тим не истакнуваат за кои играчи станува збор и дали Горан Пандев е меѓу позитивните.

Тестовите биле направени денеска, после вчерашното гостување на екипата во Неапол. Целиот тим е веднаш ставен во изолација.

Претходно Џенова информираше за два позитивни случаи на Ковид-19: голманот Перин и фудбалерот Шене.

Сега ќе треба да се тестира и тимот на Наполи во кој игра Елиф Елмас.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата