Прошетка со четирицикл се претвори во трагедија. Португалскиот фудбалер Карлитос кој игра за Докса Катокопиас заедно со својата партнерка се изгубиле возејќи со велосипед во Акамас и паднале од карпа висока 40 метри. Тие се однесени во болница во Пафос и нивната состојба е критична.

Според информациите парот се возел со квад, на опасно место, се одронила дел од карпата и тие паднале. На ова место пред една година загинал и двајца туристи од Русија.

Карлитос е роден во Алмада, тренирал во Бенфика, а потоа играл за Есторил и Синтренсе пред да отиде на Кипар и да потпише за Докса каде што се нашите интернационалци Дајман Шишковски и Душко Трајчевски.