Астон Вила ја забележа втората победа во англиската Премиер лига. Вечерва го совлада Фулам на „Крејвен Котиџ“ со 3:0, а на мечот блескаше Џон Мек Гин кој со своите атрактивни потези ги полудуваше противничките фудбалери.

Тој асистираше за првите два гола на својот тим, а стрелци беа Џек Грилиш и Конор Хурикејн. Во второто полувреме Тајлор Мингс зголеми на 3:0, а потоа на Фулам му беше поништен гол поради прекршок.

Сепак, лондонскиот тим немаше сили за подвиг и го запиша третиот пораз во третиот меч од новата сезона во најсилната англиска лига.

Погледнете дел од потезите на Мек Гин.