Италијанскиот тенисер Лоренцо Густино во маратонски меч го совлада Французинот Корентин Мутет со 3:2 во сетови, но резултатот останува во втор план затоа што се работи за вториот најдолг меч во историјата на Ролан Гарос, а осми се вкупно во историјата на тенисот. Траеше шест часа и пет минути.

Мечот почна во неделата, но беше прекинат поради дожд, па продолжи денес и заврши во вечерните часови. Петиот сет се играше дури три часа!

Инаку најдолг меч е оној од 2004 помеѓу Клемон и Сантор кој траел шест часа и 33 минути.

Густино во следното коло ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман.