Лоуроса изгубил од Сан Жоао де Вер (0:1) во Купот на Португалија и тука нема ништо спорно. Но после мечот претседателот на Лоуроса Уго Мендеш им кажал на шоферот на клупскиот автобус да не ги качува фудбалерите.

Фудбалерите ја ставиле опремата во автобусот, а шефот им наредил да пешачат шест километри од стадионот до градот во кој живеат.

Фудбалскиот сојуз ја критикуваше постапката на Мендеш и побара јавно извинување од него до играчите, а тој им соопштил дека играчите сами сакале да се вратат пеш.

„Разговарав со играчите и тие ми признаа дека не сакаа да пешачат неколку километри после натпревар, но немаа друг избор. Лага е дека одлуката е нивна. Ставот на Мендеш е навредлив не само за тимот, туку и за целата земја“, изјавија Сојузот на играчите.