Се снима серијата “ДИНАСТИЈА“! Најгледаната ТВ-сапуница на сите времиња добива српска верзија...

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се снима серијата “ДИНАСТИЈА“! Најгледаната ТВ-сапуница на сите времиња добива српска верзија...

Наташа Нинковиќ, Јелена Гавриловиќ и Небојша Дугалиќ веќе виденои во улогата на Алексис, Кристл и Блејк Карингтон.

Се снима српска верзија на “Династија“. Продукцијата “Емоушен“ е прва за реимејк на најпопуларната американска сапуница на сите времиња која оваа зима ќе се снима со српски глумци.

Кастингот за улогата на Алексис, Кристл и Блејк Карингтон и понатаму се во тек, а продуцентите веќе имаат фаворити.

- Ова е сериозен проект а продуцентите за во главните улоги сакаат звучни глумечки имиња. Засега за улогите на сопружници Блејк и Кристл Карингтон најголеми фаворити се Небојша Дугалиќ и Јелена Гавриловиќ. Тие двајца со своите години одговараат на оригиналните ликови, што е голем плус – вели добро информиран извор.

Еден од најголемите предизвици на продукцијата е да пронајде кој ќе ја игра Алексис Карингтон, која во американската “Династија“ маестрално ја одиграла Џоан Колинс.

- Верувам дека продуцентите, но и режисерите, најтешко ќе им биде да ја пронајдат Алексис. Прва на пик за таа улога е Наташа Нинковиќ, која физички потсетува на Алексис и енергична е како неа – зборува изворот.

Приказната за оваа серија ќе биде сместена во Белград.

- Моментално сме во потрага по велелепна вила во која ќе живеат Карингтонови. Бидејќои тие се доста имотно семејство, и самата куќа мора да биде грандиозна.

Избор на глумица за Алексис Карингтон во “Династија“ своеверемено било вистинска ноќна мора за продуцентот на оваа серија бидејќи улогата ја одбиле Елизабет Тејлор, Ракел Велч и Софија Лорен. И самата Џоан Колинс неколку пати ја одбила улогата пред конечно да се согласи. Подоцна признала дека таа улога и донела најголема популарност во кариерата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата