Халфот на Манчестер Сити Родри го објасни тешкиот пораз од 2:5 на домашен терен против Лестер. Според Шпанецот резултатот не одговара на прикажаното на терен, а гостите играле со „11 играчи зад топката“.

Според мене, тие имаа среќа. Можеби е наша вина, можеби е виша сила, но тешко е да го објаснам овој пораз. Направивме многу добри работи и можевме да го добиеме натпреварот. Екипи како Лестер доаѓаат тука и играат со 11 играчи зад топката. Јас сум млад и се чувствувам како да учам на секој меч, но натпревари како овој, во кој противникот не прави ништо, едноствно ме нервираат. Тоа не е мојот начин на игра“, изјави Родри.