Златното момче Дејан Георгиевски повторно освои златен медал на Г1 СВЕТСКИ КУП МУЛТИ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Златното момче Дејан Георгиевски повторно освои златен медал на Г1 СВЕТСКИ КУП МУЛТИ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО

Златното момче Дејан Георгиевски повторно освои златен медал на Г1 СВЕТСКИ КУП МУЛТИ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО СОФИЈА 2019. Овој силен светски куп ДЕЈАН ГО ОСВОЈУВА ДВЕ ГОДИНИ ПО РЕД. Силен Г1 турнир со над 2000 натпреварувачи од цел свет.

Дејан имаше три борби и три ефективни победи со доминација.

-прва борба против гркот Атанасиос Димотракопулус со 30:1
-втора борба против бразилецот Гуилхерме Цезрио Феликс со 16:10
-трета борба против русинот Олег Кузнетцов со 17:9

Нови бодови за Токио 2020 нов голем успех за македонското таеквондо, уште еден СВЕТСКИ КУП Г1 Е ОСВОЕН!
Останатите беа добри но не доволно за медал, Анамарија Георгиевска успеа да победи прво коло против русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второ коло.

Другите загубија прво коло но сите со одлични борби и тесен резултат.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата