Зошто ДОМ стави малолетни деца „фронтмени“ на протестите

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зошто ДОМ стави малолетни деца „фронтмени“ на протестите

Ова е вкупната бројка на присутни на денешниот протестен марш во Босилово. Денешниот протестен марш против рудникот Иловица – Штука беше предводен од малолетни деца и поддржан од политичката партија ДОМ. На протестот беа забележани поранешната и актуелната претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин.

Протестот почна пред Босилското игралиште и заврши пред општината Босилово. Организаторите на протестот потенцираа дека не треба да се отвори рудникот Иловица и Штука, тврдејќи дека нивната иднина е тука и не може да гледаат како ги присилуваат да ги напуштат огништата.

„Мило ми е што гледаме дека ние младите не сме сами. И се заблагодаруваме на здруженијата и активистите кои досега несебично се бореа за природата во името на сите нас“.

Малата бројка на учесници на денешниот протест покажува дека поголемиот број од населението го поддржува проектот на Еуромакс. Но, дали оваа мала група ќе надвладее над повеќето кои сметаат дека рудникот ќе им донесе егзистенција и ќе го запре иселувањето на младите од регионот.

Оваа група, според јавно достапните информации, е активна на социјалните медиуми. Таму ужива доверба, но и недоверба меѓу публиката - дали протестот има политичка позадина бидејќи се организира во предизборен период.

Следбениците коментираат дека не случајно е избран периодот пред изборите за организација на марш.

Поради коментарите од следбениците лицата кои стојат зад оваа Фејсбук страница, а кои тврдат дека се млади луѓе кои потекнуваат од Иловица и Штука, непосредно пред одржување на протестот демантираа дека имаат политичка позадина.

Но и на таа објава имаше коментари дека не им веруваат. 

Со соопштение за тоа дека ширењето лажни вести и говор на омраза не е граѓански активизам, денес се огласи и концесионерот Еуромакс. Според компанијата, се одржува „редовна комуникација со неколку локални здруженија“, освен со малата група кои „со паушални изјави и неточни податоци шират невистини на штета на компанијата и пошироката јавност“.

„Вклученост, навремено и точно информирање на сите засегнати страни за сите карактеристики и придобивки од идниот рудник се принципите според кои работи концесионерот на проектот за рудник за бакар Иловица-Штука. Еуромакс Ресоурцес. На протестите редовно ги гледаме истите неколку лица кои немаат стручно познавање за рударството или за заштитата на животната средина, ниту за заштитата на човековото здравје или за земјоделството, и веројатно водени од интереси кои само ним им се познати, постојано ги повторуваат истите работи за кои повеќепати се одговорени од кредибилни извори“, се вели во соопштението на Еуромакс.

Повикот за протест се појави на социјалните медиуми во почетокот на месецов, повикувајќи ги жителите од струмичкиот регион, но ниту еднаш во јавноста не се појави организаторот на настанот.

Ова е трет обид на активистите од регионот да организираат поголем протест без голема поддршка од локалните жители како најзасегнати од рудникот. Останува неодговорено дали ова граѓанско здружение ја има поддршката од локалното население во битката против рудникот, со оглед на тоа што жителите ги игнорираат протестите.

Исто така, останува дилемата како се финансираат овие граѓански организации кои, очигледно, постојат само да водат „нечија“ битка против рудникот? Група жители неодамна излезе и со изјави за поддршка на отворање на рудникот, а според концесионерот на повеќето средби кои ги организирал со локалното население, имале висок одзив на присуство и поддршка и голем интерес за вработување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата