„НА НЕКОИ ЛУЃЕ НЕ ИМ ОДГОВАРАШЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ“: Александра Пријовиќ прозборе за дружбата со Анастасија Ражњатовиќ

28.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„НА НЕКОИ ЛУЃЕ НЕ ИМ ОДГОВАРАШЕ ДА СЕ ДРУЖИМЕ“: Александра Пријовиќ прозборе за дружбата со Анастасија Ражњатовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ неодамна го прослави својот 25ти роденден, а со јавноста сподели како нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ успеал да ја изненади.

Исто така, младата пејачка откри и како си поминала на роденденската забава на која присуствуваа многу познати, меѓу кои и Анастасија Ражнатовиќ.

Филип во полноќ дојде со цвеќе и со торта, така ме изненади. Александар е се уште мал, јас сигурно би го водела на забава, но уште не знае ништо. Кумот секогаш е весел, и кога ние славиме и кога тој прославува. Многу ми  е убаво, вели Пријовиќ и откри детали за дружбата со Анастасија.

„Да не навлегувам во детали, ќе трае половина час. Ние се дружевме некое време, но некои луѓе сакаа да не скараат. Не скаравме никогаш, но некои луѓе ширеа разни приказни, па седнавме, разговаравме и сфативме дека немаме проблем. Таа е многу добра и воспитана девојка, вреди да ја имаме за пријател. На некои други луѓе не им одговараше ние да се дружиме“ вели пејачката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата