Виновен е кондомот

Шведска политичарка, социјалдемократка, ОСУДЕНА ЗАРАДИ С*ЕКС СО МИГРАНТ ОД АВГАНИСТАН

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шведска политичарка, социјалдемократка, ОСУДЕНА ЗАРАДИ С*ЕКС СО МИГРАНТ ОД АВГАНИСТАН

Шведска политичарка (45), член на социјалдемократската партија во градот Алингсос во Шведска е осудена на шест месеци затворска казна поради сексуално искористување на млад мигрант од Авганистан, а во јавнсота се бара нејзино целосно повлекување од политиката поради злоупотреба на својата политичка позиција за сексуални цели.

Шведската политичарка имала сексуални односи со Авганистанецот најмалку 10 пати, во различни ситуации во текот на минатата година, во центарот за мигранти а исто така и во нејзиниот дом.

Таа му купила и многу скап мобилен, а исто така му купувала цигари и алкохол и му ветила дека ќе се погрижи да добие, во најбрз можен рок и шведски пасош. Тој во своето сведочење изјавил дека таа сакала да имаат секс без заштита, бидејќи сакала да има деца со него. Тој во своето сведочење исто така рекол дека,првиот пат и помогнал да внесе маса за масажа во нејзиниот дом, и од тогаш започнале да имаат сексуални односи во нејзиниот дом.

Политичарката покрај политичкиот ангажман, била и официр во вооружените сили на Шведска.Авганистанецот признал дека таа му го покажала и пиштолот и униформата и поради тоа наводно се плашел дека нешто ќе му се случи, ако немаат секс. Таа ќе му исплати на Авганистанецот обесштетување од 8 иљади евра, а исто така е осудена на шест месеци затворска казна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата