Бројки и факти 20 години потоа

Ова се истражувањата и картата на БОМБИ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ НА КОСОВО - МАКЕДОНИЈА е во ОПАСНАТА ЗОНА

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се истражувањата и картата на БОМБИ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ НА КОСОВО - МАКЕДОНИЈА е во ОПАСНАТА ЗОНА

Во 1999 година беше извршено НАТО бомбардирање на тогашна СР Југсолавија (Србија и Црна Гора) при што се фрлени десетици тони опасен канцероген материјал во бомбите, пред се осиромашен ураниум но, и други хемиски отрови.

Најмногу страдаа од ваквите бомби областите на крајниот југ на Србија, и Косово или, со други зборови, подрачјето до Македонија: Бујановац, Пеќ, Урошевац, Прешево и Врање. Потоа, градови во внатрешноста на Србија како Нови Сад и Панчево каде по бомбардирањето на пачевската рафинерија во Дунав се излеани тони отровно олово и жива.

Крагуевац и Бор се исто така бомбардирани со многу канцероген пирален.

Што од ова е најопасно

Пред се и опасност за најмногу луѓе претставува осиромашениот ураниум кој е фрлен на голем простор - југот на Србија и речиси по цело Косово и кој е разнесен со ветар и атмосферски прилики наоколу во регионот изјавува д-р Радомир Ковачевиќ, токсиколог и начелник на Центарот за радиолошки истражувања и медицина на трудот од Белград. 

На црногорскиот полуостров Луштица беше НАТО исфрлил над 400 проектили со осиромашен ураниум. За време на деконтаминацијата, биле пронајдени 387 прокетили, додека 13 биле во морето. Најопасно за здравствена состојба е дека радиоактивните честички од ваквите бомби се пренесуваат на голема далечина со воздух.

Според официјални податоци кои НАТО ги дале до Обединетите нации после бомбардирањето најмногу со такви бомби е погодено Косово, каде се исфрлени околу 30.000 проектили, а во потесното подрачје на Србија исфрлени биле 2.500 проектили, а бомбардирани се и 11 локации во Република Српска.

Парламентарна комисија од Италија по долго истражување лани во септември објави заклучоци дека италијански војници во составот на косовските мировни сили кои престојувале таму после бомбардирањето се заболени од тумот на мозокот и други видови рак како последица на зрачење од бомбите кои содржеле осиромашен ураниум.

Претседателот на таа комисија бил Џан Пјеро Скану. Италијанската агенција АНСА објави први податоци за ова на 13.12.2017, а поширока анализа во јули 2018 година - дека 348 италијански војници кои биле во мировна мисија по бомбардирањето на Косово биле озрачени, заболени и умреле како последица од тоа, пред се заради контаминација на водата и почвата. Последен починат во оваа низа, и од наведените причини според Доменико Леџиеро од Воената опсерваторија бил тогашниот војник Леонардо Буколиеро (50) кој биле телохранител во службата Куиринале. Починал од рак на мозокот.

АНСА пишува, во таа прилика, дека во 2016 година семејството на италијанскиот војник Салваторе Ваци (23) поднело тужба пред судот во Рим против италијанската армија и добиле обесштетување од 500.000 евра затоа што е докажано дека Ваци починал како последица од радиокативно зрачење произведено од фрлени бомби во Босна каде бил на служба 150 дена во текот на 1998 година.  

Никој до денес не објасни зошто со осиромашен ураниум, опасен по живот на долг период, е најмногу бомбардирано Косово. а најголем дел од војската на Југославија била лоцирана околу Ниш, Ваљево и Белград?

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата