Гори дива депонија кај Ѓорче Петров (ФОТО)

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гори дива депонија кај Ѓорче Петров (ФОТО)

Екипи на Противпожарната заштита на град Скопје попладнево е ангажирана на гасење на големиот пожар на дивата депонија во близина на населбата Даме Груев, крај Ѓорче Петров, дознава Пресинг ТВ.

Како што неофицијално дознава Пресинг ТВ, запалена е дива депонија. Очевидци на пожарната и изјавиле дека најпрвин биле запалени околу 40 камиони со гранки кои биле донесени од касарната во Ѓорче Петров, а огнот потоа зафатил и гуми, пластика и друг отпад.

Станува збор за голем пожар, кој е под контрола, а екипите на ППЗ во моментов на пишување на извештајот, во 18.30 часот, се уште се на терен.

Наскоро се очекува официјално соопштение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата