(Видео) Камерите уловија новинар како прави нешто навистина одвратно пред пренос во живо

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Камерите уловија новинар како прави нешто навистина одвратно пред пренос во живо

Американски телевизиски новинар камерите го фатиле во прилично незгодна ситуација, пред преносот во живо. Репортерот Мет Бредли, снимен е како исплукува плунка во дланката и потоа си ја нанесува на косата за да си јапоправи фризурата.

Бредли известувал во живо од Сирија и очигледно немал претстава дека неговот „разубавување“ е пренесено во јавноста, а иако колегата од студио го исече и се обиде да му даде шанса да се подготви за снимање, снимката од неговото средување брзо се прошири на социјалните мрежи.

Додека некои се згрозија од она што го видоа, други коментираа како новинарот кој известувал во живо од Сирија има право да се дотерува како што си сака.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата