ЦРВЕН АЛАРМ ВО ЛОНДОН: Британија се подготвува за “тврд Брегзит“ со активирање на војската и 3.500 специјалци

24.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦРВЕН АЛАРМ ВО ЛОНДОН: Британија се подготвува за “тврд Брегзит“ со активирање на војската и 3.500 специјалци

Воените единици веќе се подготвени да излезат на терен и да се распоредат во градовите во рок од 24 часа доколу се случи “тврд Брегзит“ - односно еднострано излегување на Британија од ЕУ по одлука на Брисел.

Британските власти започна операција "Redfold" што подразбира и активирање на 3500 високо обучени специјалци на армијата кои ќе бидат ангажирани во врска со заштитата на виталните функции на државата во случај на хаос, кој се заканува на земјата, ако има излез на земјата од ЕУ без меѓусебен договор.

Специјалните воение диници се наоѓаат во бункер против нуклеарен напад, кој се наоѓа длабоко под земјата, под објектот на Министерството за одбрана во Лондон, објави BBC.

Како што е соопштено од страна на Sky News, бункерот наречен "Пиндар" се користи само во итни случаи, како што е  состојба на воена или националната безбедност. Како што се приближува 29 март, денот кога се планира излез на Британија од ЕУ, конкретен договор за условите на Брегзит меќу Лондон и Брисел - нема, и се поверојатно опција е застрашувачкиот "тврд Брегзит", раскинување на заедништвото без договор.

Стравот во Британија е од реакциите на британците како последица на тоа тврдо излегување од Европската унија што засега егзистенција и определба на речиси половина граѓани на Велика Британија.

Затоа, прашањето за напуштање на Велика Британија од следната недела ќе зависи од одлука на ЕУ, а темата за Брегзит од наведените причини и стравувања за последиците преминува од надлежност на кабинетот на премиерот Тереза ​​мај, во надлежност на Комитетот за вонредни ситуации Кобра.

Шанса за спас од тоа вознемирувачко сценарио се уште има, иако таа можност е многу мала. Лидерите на ЕУ во Брисел испратија одлука до британскиот премиер Тереза ​​Мај, кој побара одложување на Бреџита до 30 јуни.

ЕУ ќе им овозможи на британците одложување на излегувањето од ЕУ до 22 мај, но само под услов следната недела британскиот парламент да го изгласа, поддржи договорот со ЕУ за излегување на Британија ( претходно, два пати, Парламентот го одби тој договор како штетен за Британија). ЕУ сака Британија да ја напушти ЕУ пред изборите за Европскиот парламент, кои се одржуваат за три дена, почнувајќи од 23 мај.

Од причини што шансите за прифаѓање на оваа одлука на Брисел се мали, Британија ја подига војската да обезбеди мир и ставбилност во државата од хаосот кој се заканува.

- Специјални тимови на армијата ќе бидат ангажирани за чување и пренасочување ресурси или луѓе во зависност од потребите - рече анонимен извор близок до владата за Скај.

Воените единици веќе се подготвени да влезат на терен и да се распоредат во градовите во рок од 24 часа. Армијата ќе се занимава со превоз на храна, гориво и медицински материјали низ целата земја.

Тим од 200 специјалци се подготвува за превоз на гориво за снабдување на бензинските пумпи. Во исто време, воените бази ќе бидат отворена за прием камион со стока, ако постои блокада или големи одложувања на пристаништата преку кои се снабдува британскиот остров.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата