Новите директори Владата ќе ги именува најдоцна до 15 октомври

27.09.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новите директори Владата ќе ги именува најдоцна до 15 октомври

Веќе следната семица ќе почнеме со именување на директорите, таму каде што треба конкурси ќе се распишат, а верувам дека и надлежните институции како што се надзорните одбори ќе ги почнат постапките за избори и именување. Моите очекувања се дека сите именувања или постапки за именувања како активности ќе бидат отпочнати не подоцна од 15 октомври, а некаде дури и ќе завршат изборите, најави денеска премиерот Зоран Заев.

Во државата имаме многу акционерски друштва во кои надзорните одбори распишуваат конкурси и потоа именуваат директори на седница на надзорен одбор, а и министрите се надлежни во делот на селекција на некои директорски раководни места. Очекувам следната недела да почне процесот на именувањата, рече Заев во договор на прашање на денешната прес-конференција на која ги презентираше мерките од четвртиот пакет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните за справување со последиците од ковид кризата.

Готови сме, додаде, со државните сектретари и веројатно секој од министрите ќе може во текот на следната недела да ми каже за именувањето на државните секретари кои следуваат во процесот на кадровското екипирање после парламентарните избори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата